Поголемиот дел од Крим и натаму без струја

Околу три четвртини од населението на Крим и натаму е без електрична енергија откако четири далноводи беа уништени во украинскиот регион Керсон на северот од овој полуостров. И покрај тоа што Русија го анектира Крим во март минатата година, украинските власти го продолжија снабдувањето со енергија. Неколку групи на кримските татари вчера не им дозволија пристап на електричарите за да ги поправат далноводите.