Закана за бомба во турски патнички авион

Авион на Туркиш Ерлајнс на летот од Њујорк за Истанбул принудно слетал во Халифакс, Канада поради закана за поставена бомба, соопшти канадската полиција. Авионот во кој имало 256 патници и членови на екипажот слетал безбедно на аеродромот во Халифакс по што полицијата спроведе истрага. Не се соопштени други детали.