Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. На повисоките планини ќе паѓа повремено снег. Температурата ќе достигне 19 степени. Во Скопје слично време со температура до 15 степени.