Новинар на Вашингтон Пост доби затворска казна во Иран

Судот во Иран го осуди новинарот на Вашингтон Пост Џајсон Резајан на неодредена временска мерка затвор, по пресудата која беше донесена минатиот месец поради обвинението за шпионажа,јауваат иранските медиуми. Портпаролот на судот изјавил дека судот одлучил новинарот да биде казнет со затвор, но не смеел да соопшти повеќе детали за пресудата. Во октомври судот ја донесе првичната одлука со која е осуден новинарот без притоа да соопшти какви било други детали. Станува збор за шеф на дописничкото биро на Вашингтон Пост во Техеран кој има и американско и иранско државјанство. Иранската државна телевизија во всоите извештаи го именуваше новинарот како „американски шпион“ обвиненија кои и весникот и семејството на обвинетиот ги негираа.