Русија: Убиени 11 милитанти поврзани со ИС во Северен Кавказ

Руските власти соопштија дека 11 борци поврзани со екстремистичките групи од Исламската држава се убиени при последната операција во северниот дел на Кавказ. Во соопштението од Националниот комитет за антитероризам на Русија е наведено дека убиените се припадници на вооружена група која била лојална на ИС. Во продолжение е наведено дека вооружената група отворила оган врз полицијата откако била заробена во шумската област во близина на регионот Кабардино- Балкарија.

Руските власти соопштија дека во таа област се уште е во тек безбедносната операција.