Втор круг парламентарни избори во Египет

Во Египет денеска се спроведуваат втората рунда од првите парламентарни избори откако беше симнат исламскиот претседател Мухамед Морси од страна на војската во 2013 година. Според извештаите на локалните медиуми околу 3 илјади кандидати се борат за 288 пратенички места.
Првата рунда од изборите беше спроведена на 14-ти октомври, и помина со слаб одзив на гласачи. Официјалните конечни резултати од вториот круг се очекува да бидат објавени на почетокот на декември.