За 24 часа издадени 4.840 потврди на мигранти

Потврди за барање за азил вчера им биле издадени на 4.840 странски државјани. Преку Македонија од 19 јуни до 20 ноември оваа година поминале 265.846 мигранти, соопшти МВР.

Состојбата на границата, според МВР, е редовна и на северната и на јужната граница.

На Граничниот премин Табановце нема задржување, а во Прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно. Од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, а останатите мигранти се примаат во согласност со процедурите.

Барања за азил вчера им биле издадени на 2.413 лица од машки пол, 872 од женски, 1.169 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 386 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.237, Авганистан–1.839, Ирак-764, додека другите се во помал број.