Брисел:Највисок степен на опасност од терористички напади

Белгиските власти денеска го подигнаа степенот на опасност од терористички напади во регионот на Брисел на највисоко ниво, предупредувајќи за многу сериозни и непосредни закани. Премиерот на земјата Шарл Мишел денеска изјави дека постојат прецизни информации за ризик од напад како оној што се случи во Париз. Тој ова го кажа осврнувајќи се на ужасните терористичките напади во Париз на 13 ноември, во кои загинаа 130 мртви, а стотици беа повредени. Мишел изјави дека безбедносните служби стравуваат оти неколку поединци со оружје и експлозиви можеше да извршат напади дури и на повеќе места. Метрото и железничкиот системи во градот се затворени, а на жителите им се препорачува да останат во затворени простории. "Ги повикуваме граѓаните да не се доведуваат во паника", рече Мишел, додавајќи дека " се преземат мерки кои се неопходни. Осомничениот водач на нападите во Париз, Абделхамид Абаоуд, беше белгиец со мароканско потекло, а осомничениот напаѓач Салах Абдеслам,кој е белгиски државјанин, се уште е на слобода.