Во бомбашки напади во Багдад загинаа 6 луѓе

Најмалку шест луѓе загинале, а неколку се повредени во два бомбашки напади врз шиитска џамија во ирачкиот главен град Багдад. Властите соопштија дека една од бомбите експлодирала покрај патот додека верниците си оделе од петочната молитва во џамијата. Бомбаш самоубиец го детонирал својот експлозив откако безбедносните сили пристигнале на местото на настанот. Меѓу жртвите има припадници на безбедносните сили. Се уште никој не презема одговорност за нападот.