Русија со нови мерки против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин

Руските пратеници на денешната заедничка сесија на двата дома на Парламентот повикаа на зголемување на кривичната одговорност за терористички активности. Пратениците усвоија документ со кој се поддржуваат мерките преземени од претседателот Владимир Путин со цел соочување со заканите од тероризмот во Русија и надвор од земјата, вклучувајќи ги и операциите во Сирија.

Во документот е наведено и дека потребни се сигурни бариери на националните граници за да се спречи влез на екстремистите во Русија. Според документот, потребна е поголема меѓународна соработка со сите земји во борбата против тероризмот.