УНИЦЕФ и ИОМ реагираат на рестрикциите на границите

Мигранти и беглаци во Македонија

Меѓународни хуманитарни агенции соопштија денеска дека новите рестрикции на границите меѓу земјите на Западниот Балкан, вклучувајќи ја и категоризацијата на бегалците и мигрантите по национална основа, создаваат неодржлива ситуција. УНИЦЕФ и Меѓународната организација за миграции ИОМ во заедничкото соопштение истакнуваат дека наведените мерки создаваат тензии на граничните премини и дека многу семејствата остануваат „заглавени“. Портпаролот на УНХЦР Адријан Едвардс изјави дека е потребно итно да се воспостават дополнителни прифатни капацитети на границите.