Москва против Црна Гора во НАТО

Москва

Русија смета дека евентуалното зачленување на Црна Гора во НАТО во сегашните услови би претставувало избрзана одлука, изјави рускиот заменик амбасадор во Подгорица, Владимир Гурко. Тој на прес конференција во Москва изјави дека Подгорица треба уште еднаш да ги преиспита предностите и слабостите на зачленувањето во НАТО. „Механичкото проширување на Алијансата, која не ги зема предвид интересите на сите држави од евроазиската заедница, веќе доведе и продолжува да води кон создавање на нови линии на поделби“, оцени Гурко.