Во БиХ, Ден на жалост за убиството на двајцата војници

Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост за убиството на двајцата војници на Вооружените сили на БиХ во сараевската населба Рајловац. Сите знамиња на институциите во БиХ ќе бидат спуштени на половина копје, а според важечките прописи се откажуваат и сите спортски и забавни програми планирани за денеска. На овој начин, како што се наведува во соопштението, ќе им биде одадена почит на војниците што беа пред два дена убиени во напад што босанското обвинителство го истражува како терористички чин.