Русија и на копно присутна во Сирија?

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Руската национална телевизија објави мапа на руската војска на која е прикажана единицата за артилерија која оперира во централниот сириски регион Хомс. Мапата била прикажана на видео за време на брифингот во министерството за одбрана со рускиот претседател Владимир Путин. Мапата била забележана од руски блогер и на неа наводно е прикажано каде точно се распоредени бригадите, односно во Кемерово во близина на сирискиот град Садад.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека руската војска не учествува во копнени операции во Сирија. Од сириската војска соопштија дека имало руски советници во Садад. Според војската, тие ја советуваат сириската армија за артилеријата.