Србија со забрана за влез на економски мигранти

Мигранти на граничниот премин Табановце

Српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Александар Вулин изјави денеска дека од Македонија во Србија не можат да влезат економски мигранти, односно мигранти од земји кои не се загрозени од војна. Тој нагласи дека економските мигранти не се вратени во земјите на потекло туку останале на македонска страна од границата, а им се дозволува премин само на бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак.