Столтенберг денеска во Белград

Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Србија во текот на која ќе разговара со премиерот Александар Вучиќ и со други српски официјални претставници, соопштено е во Брисел. Пред заминувањето за Белград, Столтенберг оцени дека Србија и НАТО имаат заеднички интерес да ја зајакнат соработката и оти „многу се радува на својата прва посета на Белград во својство на генерален секретар на НАТО“, додавајќи дека Белград бил град на неговото детство.