Иран ја редуцира нуклеарната програма

Нуклеарна постројка во Иран

Нуклеарната агенција на ОН соопшти дека Иран започнал да ја редуцира нуклеарната програма во согласност со договорот кој го постигна земјата со шесте светски сили. Спроведувањето на нуклеарниот договор требаше да започне на 18 октомври. Од тогаш, според извештајот на организацијата, Иран го редуцирал бројот на центрифуги кои се користат за збогатување ураниум. Во извештајот е наведено и дека пред почетокот на спроведувањето на договорот во Иран се користеле 11 308 центрифуги, а сега нивната бројка е намалена за 300.