ИД ја покажа бомбата со која го урнала рускиот авион

Остатоци од рускиот авион

Исламската држава објави фотографија на која како што соопштија, се наоѓа импровизираната бомба која била искористена за нападот врз рускиот авион кој се урна во Египет на 31 октомври при што сите 224 патници и членови на екипажот загинаа. Фотографијата во списанието на Исламската држава, Дабик покажува конзерва од безалхохолен пијалок и нешто што изгледа како детонатор и прекинувач кои биле искористени за изработка на рачната бомба. Руската федерална служба претходно соопшти дека авионот бил урнат со помош на бомба.