Судири на Косово по апсењето на опозициски пратеник

Солзавец на протестите во Косово

Косовската полиција ја уапсила опозициската пратеничка Доника Кадај Бујупи, а бил издаден и налог за апсење на уште тројца пратеници поради насилството во Парламентот. Во меѓувреме полицијата се судрила со приврзаници на опозицијата во Приштина. Демонстрантите против полицијата употребиле боја, по што ситуацијата ескалирала. Полицијата потоа употребила солзавец.

Во судирите повреден е еден полицаец, а две лица се приведени. Опозициските пратеници на вчерашната седница на Парламентот фрлија солзавец и употребија бибер-спреј кон обезбедувањето и министри од владата на Косово. Опозициските пратеници се противат на договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија кој беше постигнат со посредство на ЕУ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Приштина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата