Во Конгресот на САД гласање против сириските бегалци

Пол Рајан

Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Пол Рајан изјави дека во текот на неделава ќе го стави на гласање предлогот за запирање на сместувањето сириски бегалци во Соединетите држави поради терористичките напади во Париз. Администрацијата на претседателот Барак Обама најави дека ќе прифати дополнителни 10 илјади сириски бегалци, но десетици гувернери на сојузните држави се изјаснија против ваквиот потег на Вашингтон.