Напаѓачите во Париз користеле шифрирани пораки

Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат Ричард Бур изјави дека најверојатно напаѓачите во Париз и нивните сојузници користеле некаков вид шифрирана комуникациска технологија со што било избегнато да бидат откриени од разузнавачките служби. Според него, напаѓачите не само што биле инспирирани, туку по се изгледа биле и раководени од милитантите на Исламската држава во Сирија. Американските и европските разузнавачки служби долго време предупредуваат дека порастот на шифрирани мејлови, четови и мобилни платформи го отежнуваат следењето на сомнителните активности.