Србија ќе презема нови мерки за бегалската криза

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Србија е подготвена за секое можно сценарио поврзано со приливот на мигранти во земјата. Но, според него, Србија нема да го забавува нивното движење. Тој истака и дека земјата ќе преземе мерки доколку Словенија не ја промени одлуката за прием на само 2,000 бегалци дневно.

Според него, во земјата секојдневно влегуваат по 8000 лица и затоа за проблемот ќе бараат решение од Европа. Стефановиќ додава дека иако, Словенија и Австрија официјално не ги затвориле своите граници оградите и натаму се градат и движењето на мигрантите е забавено.