Москва: падот на авионот во Египет терористички чин

Владимир Путин

Шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников изјави дека уривањето на рускиот авион на 31 октомври во Египет било резултат на терористички напад. Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе бидат пронајдени и казнети оние што стојат зад нападот во кој загинаа 224 луѓе. Путин најави дека Русија ќе ги интензивира руските воздушни напади во Сирија.