Шефот на ЦИА предупредува на нови напади на ИД

Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан предупреди дека милитантите на Исламската држава кои ја презедоа одговорноста за нападите во Париз би можело да преземат нови операции. Според него оневозможување на вакви потенцијални напади би можело да биде тешко бидејќи европските разузнавачки и безбедносни агенции се растргнати во обидот да ги следат стотиците екстремисти кои се вратиле дома од борбите во Сирија и Ирак.