Времето денеска: сончево со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. По одделни котлини наутро ќе има услови за слаба магла. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 18 степени.