Ердоган-Тероризмот нема религија, нација и земја

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при затворањето на самитот на Г-20 во Анталија изјави денеска дека лидерите на земјите членки на Г20 ја признале заедничка одговорност во борбата против тероризмот. Тој нагласи дека тероризмот нема религија, нација и земја. Ердоган порача и дека со иста решителност ќе продолжат да се борат против сите терористички организации. Според него, за сирискиот претседател Башар ал Асад веќе нема место во иднината на неговата земја.