Уапсени тројца осомничени за тероризам во Косово

Косовските власти соопштија дека уапсиле три лица кои се осомничени дека организирале и земале учество во терористички активности. Портпаролот на полицијата, Даут Хоџа изјави дека тие биле уапсени на границата меѓу Косово и Македонија. Полицијата извршила и претрес на две локации поврзани со осомничените кои се враќале од Турција. Според Хоџа, операцијата била спроведена откако турските власти обезбедиле информации за осомничените.