Конструктивна средба на Обама и Путин

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама во јужна Турција.

Кремљ соопшти дека неформалните разговори меѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама во јужна Турција биле конструктивни. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека е нереално да се очекува оти на 20 минутна средба може да се постигне пресвртница во билатералните односи меѓу двете земји. Белата куќа соопшти дека разговорите биле фокусирани на конфликтот во Сирија и источна Украина. Двајцата лидери се сретнаа на маргините на самитот на Г20.