Уапсени 23 лица поврзани со нападите во Париз

Министерот за внатрешни работи Бернард Казеневе

Француските власти соопштија дека полицијата извршила проверка на 168 локации низ земјата по смртоносните напади во Париз. Министерот за внатрешни работи Бернард Казеневе изјави денеска дека 23 лица биле уапсени, а повеќе од 100 се наоѓаат во домашен притвор. Полицијата трагаше по соработниците на групата која ги изврши нападите во францускиот главен град при кои загинаа 132 лица.