Во Франција денеска минута молчење за жртвите во Париз

Во Франција попладне на последниот ден од тридневната жалост со минута молчење ќе им биде одадена почит на жртвите на терористичките напади во Париз. Претседателот на Франција Франсоа Оланд по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе а над 350 беа ранети прогласи вонредна состојба во земјата со зголемени безбедносни мерки, како и контрола на границите, а распоредени се илјадници дополнителни војници и полицајци.