Втор круг локални избори во Украина

Украина го одржува вториот круг од локалните избори. Гласачите денеска бираат градоначалници и претставници на Советот во Киев и во 28 други градови низ земјата. Анкетите за излезеноста по првиот круг на изборите кои се одржаа на 25 октомври, покажуваат дека владата на претседателот Петро Порошенко ќе ја задржи својата доминантна позиција во западниот и во централниот дел од земјата. Но, на југот и на истокот на земјата гласачите се изјаснија за опозицискиот блок формиран од остатоците на партијата на поранешниот про-руски претседател Виктор Јануковиќ, кој беше соборен во 2014 година по неколку месеци улични протести. Изборите нема да се одржат во делови од регионите Дамаск и Луганск во источна Украина, контролирани од про-руските сепаратисти и на Полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во март 2014 година.