Земјотрес предизвикал мало цунами во Јапонија

Земјотрес со јачина од 7 степени го погодил југозапдниот дел на Јапонија, предизвикувајќи мало цунами. Јапонската метеролошка агенција (ЈМА) соопшти дека било забележано цунами од 30 самтиметри на северниот остров Наканошима. Засега нема информации за штети и за повредени. Земјотресот се случил на длабочина од околу 10 километри. Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил на околу 159 километри југозападно од градот Макуразаки.