Загриженост за безбедноста на ЕП во фудбал во Франција догодина

Претседателот на француската фудбалска асоцијација (ФФФ) Ноел Ле Гре денеска рече дека е загрижен за безбедноста на фудбалерите и навивачите на Европското првенство во 2016 година, поради последните терористички напади Париз.

„Преземавме големи безбедносни мерки, но видовте дека терористите може да го нападнат во секое време. Веќе бевме загрижени за Европското првенство, а сега сме уште повеќе. Сепак сега не можам да размислувам за тоа, бидејќи моите мисли се со семејствата на жртвите“, изјави Ле Гре.

Според последните податоци на француската полиција, во шест терористички напади изведени синоќа во Париз, загинаа 128 лица, а повредени се околу 180, од кои 99 се во критична состојба.

Три силни експлозии се слушнале во близина на стадионот „Стад Д’Франс“ каде што се играше пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија.

Европското првенство ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули 2016 година во десет градови ширум Франција.