Марш за толеранција - Бегалци без граници

Марш за поддршка на мигрантите под мотото „Беглаци без граници“ се одржа попладнево во Скопје. Учесниците маршираа од пред Музеј на Град Скопје, преку улица Македонија до Старата скопска чаршија. Настанот го организираше Хесиншкиот комитет за човекови права по повод Светскиот ден на толеранцијата. Учесниците на маршот порачаа дека „Македонија е земја на хумани и солидарни луѓе. Маршот започна со оддавање почит на загинатите во вчерашните терористички напади во Париз.