Средба во Виена за конфликтот во Сирија

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини изјави денеска дека по нападите во Париз е свикан итен состанок на лидерите од 20 земји во Виена со цел да се најде решение за конфликтот во Сирија. Пред средбата таа го нарече тероризмот глобален проблем. Според неа, речиси сите земји кои ќе се најдат на средбата ја почуствувале истата болка, терор и шок во последните недели.