Путин телефонски разговарал со Рохани

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со иранскиот претседател Хасан Рохани за билатералните односи меѓу двете земји, соопшти Кремљ. Двајцата лидери се согласиле да продолжат со дијалогот за време на посетата на Путин на Иран на 23 номеври. Посетата на Путин е со цел да присуствува на Форумот на земјите кои извезуваат гас, кој ќе се одржи во Техеран.