Курдските сили ја преземаа контролата врз Синџар

Курдските Пешмерга борци

Курдските Пешмерга борци успеале да стигнат до центарот на градот Синџар во северен Ирак по офанзивата која ја започнаа пред три дена против милитантите на Исламската држава. Поддржани од американските воздушни напади курдските сили наишле на мал отпор од милитантите, бидејќи тие се повлекле од градот.

Вчера курдските сили ја преземаа контролата и врз стратешкиот автопат за милитантите во околината на градот. Автопатот кој поминува низ Синџар е клучен за милитантите бидејќи ги поврзува со нивното засолниште во Рака и со сирискиот град Мосул, кој исто така е под контрола на Исламската држава.