Кери: далеку сме од целосен договор за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека не постои голема надеж дека ќе биде постигнато дипломатско решение за конфликтот во Сирија на состанокот што утре треба да се одржи во Виена каде што за тоа прашање ќе разговараат претставници на дваесетина земји и меѓународни организации. На состанокот нема да учествуваат претставници на власта во Дамаск и на сириската опозиција. Првиот ваков состанок се одржа на 30 минатиот месец исто така во Виена. „Останува уште многу работа“, изјави Кери во говорот за американската стратегија за Сирија, додавајќи: Иако сме поделени околу клучното прашање во врска со судбината на претседателот Башар ал Асад, Соединетите држави и Русија решија дека тоа нема да не спречи во обидот да најдеме основа за мирно решение“.Во војната во Сирија која трае од 2011 година загинаа над 250 илјади луѓе, а неколку милиони ги напуштиле домовите.