Американски напад во Сирија чија цел е „Џихади Џон“

Американската војска извела воздушен напад во Сирија чија цел бил Мохамад Емфази, милитант на Исламската држава, познат како „Џихади Џон“. Тој се појави на неколку видео снимки на кои е прикажано убивање на странски заложници. Соединетите држави, како што е соопштено во Вашингтон, се уште ги испитуваат ефектите од нападот кој бил изведен во градот Рака.