На протестите во Киев во 2014 немало злосторства против човештвото

Првичната истрага на Меѓународниот кривичен суд покажува дека украинските безбедносни сили употребиле прекумерна сила на протестите во Киев во 2014 година но оти притоа не биле извршени злосторства против човештвото. Главната обвинителка Фатоу Бесуда во извештајот наведува дека Хашкиот суд покренал прелиминарна истрага за тогашните случувања. Протестите во Киев почнаа во ноември 2013 година и доведоа до соборување на тогашниот претседател Виктор Јанукович и на неговата проруска влада. Притоа загинаа околу 100 луѓе, главно демонстранти.