ИД ја презеде одговорноста за нападот во Бејрут

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за вчерашниот двоен самоубиствен напад во кој во јужен Бејрут загинаа над 40 луѓе, а околу 200 биле ранети. Досега не е потврдена автентичноста на соопштението на оваа екстремистичка организација. Либанската полиција соопшти дека нападите пред влезот на еден трговски центар ги извеле две лица со експлозив на појасите. Јужниот дел на Бејрут е упориште на либанската екстремистичка шиитска организација Хезболах која во Сирија се бори на страната на силите на режимот на претседателот Башар ал Асад.