Во самоубиствени напади во Либан загинаа 16 луѓе

Најмалку 16 луѓе загинаа, а десетици се повредени по два самоубиствени бомбашки напади во јужниот дел на либанскиот град Бејрут, кој е засолниште на шиитското движење Хезболах. Полицијата соопшти дека двајца мажи кои носеле самоубиствени бомбашки елеци го детонирале експлозивот во шопинг центар во градот. Серија напади имаше во Либан од страна на Хезболах, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад во борбата против опозициските сили.