Солзавец против демонстрантите во Атина

Молотов коктел врз полицајците на протестите во Атина

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели во центарот на Атина. Илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат против мерките за штедење кои ЕУ и ММФ ги бараат од земјата. Претходно владејачката партија Сириза ги повика сите Грци да учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк против политиката на штедење што самата ја спроведува.