Турската полиција упадна во опозицискиот весник Заман

Турската полиција во редакцијата на весникот Заман

Турската полиција доцна синоќа упаднала во просториите на главниот опозициски весник „Заман“. Од весникот соопштија дека претресот претставува „закана за слободата на медиумите“. Весникот е близок со свештеникот Фетулах Гулен кој се смета за непријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Минатиот месец таква операција беше извршена и во опозициска телевизија. Адвокатите на „Заман“ соопштија дека операцијата е незаконска и срамна, и се случува во момент кога целиот свет е свртен кон Турција поради претстојниот самит.