Убиени двајца турски војници

Двајца турски војници загинале, а тројца се повредени при судири со бунтовници на Курдската работничка партија во југоисточниот дел на земјата. Турските војници вчера убиле еден курдски бунтовник, кој учествувал во напад врз полициски автомобил, во кој загинаа тројца полицајци.

Во три реони на градот Силван веќе девет дена во сила е полициски час и безбедносните сили извршуваат антитерористички операции против курдските бунтовници.