Западот против рускиот мировен план за Сирија

Западните и арапските земји го отфрлија рускиот план за мир и реформи во Сирија, наведувајќи дека тој нема да биде основа за состанокот за сирискиот конфликт што претстојниот Викенд треба да се одржи во Виена. Руски дипломати посочија дека планот ги претставува идеите и визијата на Москва и оти е отворен за алтернативни предлози од над 20 учесници на разговорите во Виена за крај на четиригодишната војна во Сирија. Рускиот план предвидува, меѓу другото, нов Устав и предвремени претседателски избори. Но, во планот не се спомнува заминување од власт на претседателот Башар ал Асад за време на транзицискиот период. Тоа всушност е клучно барање на Западот и арапските земји кои учествуваат на разговорите.