ВМРО ДПМНЕ-Заев ги потценува гласачите

Владимир Пешевски

Од ВМРО ДПМНЕ денеска соопштија дека одлуката Зоран Заев да го предводи СДСМ на предвремените парламентарни избори и да се бори за мандат за претседател на Владата, за партијата е можност граѓаните директно да избираат меѓу него и Никола Груевски и меѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Заев денеска, како што наведуваат самиот се прогласил за иден премиер и уште еднаш покажал што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски изјави денеска дека Заев уште еднаш ги потценил сите гласачи. Според него, доколку Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него од ВМРО ДПМНЕ го повикуваат да даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори премиерот Никола Груевски.