Италија со помош за УНХЦР за бегалците во Македонија

Италијанската влада одобри посебен паричен надомест во вредност од 250.000 евра за УНХЦР, со цел да ги поддржи напорите на Македонија во справувањето со приливот на мигранти и бегалци. Од канцеларијата за односи со јавноста на амбасадата во Скопје соопштија дека помошта е потврда на одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Помошта, како што е наведено, е насочена кон подобрување на постојните прифатни и транзит центри во корист на бегалците и мигрантите, особено имајќи го предвид бројниот дневен прилив на луѓе кои пристигнуваат во Македонија и неопходните подготвителни активности во пресрет на престојните зимски врменски услови.