Заев- Преодната влада чекор кон демократски промени

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави денеска дека изборот на преодната влада, на новите министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на тројцата заменици министри со право на вето е само уште еден чекор по незапирливиот пат што ќе ги донесе демократските промени во Македонија. Тој порача дека нивната задача е да бидат контролори на целиот процес и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните.

Според него, на парламентарните избори на 24 април ќе бидат вратени уставните и економските вредности, за кои сите се залагаат. Заев најави дека ќе се кандидира на претстојните парламентарни избори закажани за 24 април следната година. Тој рече дека нема да биде градоначалник заради тоа што ќе ја добие честа да ја предводи новата Влада на Македонија.