Вучиќ им одаде чест на жртвите од Сребреница

Српскиот премиер Александар Вучиќ во меморијалниот центар во Поточари.

Српскиот премиер Александар Вучиќ денека им одаде чест на жртвите од Сребреница и положи цвеќе во Меморијалниот центар во Поточари. Вучиќ при претходната посета на Сребреница во јули беше нападнат од толпа луѓе која фрлаше камења врз него, бидејќи масакрот врз муслиманите не сакаше да го окарактеризира како геноцид.

Цвеќе положија и претседателот на Република Српска, Милорад Додик и членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Околу 8000 муслимани беа убиени од страна на босанско српските сили во Сребреница во јули 1995 година.